Дружење, многу забава, но и фудбалско надмудрување: Македонските и данските навивачи одиграа фудбалски меч (Фото)

Македонската навивачка Фаланга веќе подолго време воспостави еDelete Cacheдна убава традиција и ја почитува, а тоа е да одигра фудбалски натпревар со симпатизерите на противнчката репрезентација. Така беше и денеска во Коненхаген, каде што на фудбалскиот терен се сретнаа македонските и данските фанови.

На теронт имаше многу забава, дружење, но и фудбалско надмудрување, а на крајот иако резултатот беше во втор план, на победата се израдуваа домашните навивачи со 8:4.

Ова беше дуел од забавен карактер, да се зајакне пријателството меѓу навивачите, но вечерва на стадионот „Паркен“ сигурно ќе се води беспоштедна борба како на теренот така и на трибините. На крајот, најважен е резултатот од вечерашниот меч. Македонија со победа над Данска ќе дојде само на еден чекор од пласман на СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести