Англичаните истражуваат местенка на мечот меѓу Оксфорд и Арсенал, овој пат не се сомнителни головите, туку картоните

Фудбалската федерација на Англија (ФА) ќе отвори истрага поради наводни сомнителни облози за време на натпреварот од третото коло во ФА купот меѓу Оксфорд и Арсенал што се играше во понеделникот.

Според англиските медиуми, цел на истрага на ФА не се головите или резултатот (0:3), туку начинот на кој фудбалерот на Оксфорд, Кирон Браун, доби жолт картон.

ФА наводно има докази, односно дојде до пораки дека Браун ќе биде казнет од судијата со жолт картон. Во една порака пишува дека биле вложени 200 фунти дека Браун ќе пожолти, со што една обложувалница е оштетена за 1.600 фунти.

Арсенал со победата од 3:0 на гости кај Оксфорд обезбеди дерби-пресметка против Манчестер сити во четвртото коло во ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести