Англичаните објавија список од 33 играчи за ЕП, фалат некои кои беа во одлична форма

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, објави листа од 33 играчи на кои смета за првата фаза подготовки за настап на Европското првенство, на кое Гордиот Албион има големи амбиции, особено што финалето се игра на „Вембли“ во Лондон. Саутгејт на 1 јуни ќе го скрати списокот и ќе ги одбере 26-те кои ќе играат на Еуро 2020.

На списокот се голманите Хендерсон, Џонстон, Пикфорд и Рамсдејл. Од дефанзивците повикани се Александер-Арнолд, Чилвел, Коуди, Годфри, Џејмс, Мегваер, Мингс, Шоу, Стоунс, Трипие, Вокер и Вајт.

Средниот ред ќе го пополнуваат Белингем, Хендерсон, Лингард, Маунт, Рајс, Филипс и Ворд-Праус. Напаѓачи се Калверт-Луин, Грилиш, Фоден, Гринвуд, Кејн, Сака, Рашфорд, Санчо, Воткинс и Стерлинг.

Нападот делува како најквалитетен дел од тимот, конкуренцијата е силна, па затоа отпадна еден Патрик Бамфорд од Лидс кој имаше фантастична сезона и беше втор најефикасен Англичанец во Премиерлигата зад Хари Кејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести