Халанд на раката носи уред кој му помага да биде „фудбалски ѕвер“

Манчестер сити со 2:1 го победи Арсенал во дербито на англиската Премиер лига, а еден од хероите на Граѓаните беше Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Сити постигна гол во 65-тата минута за 2:1 на својот тим, а на крајот тоа се покажа и како клучен момент за освојување на трите бода. Со оваа победа Сити апсолутно се врати во трка за трофејот во првенството.

Освен голот што го даде, Халанд вниманието го привлече и со еден детаљ кој немаше директна врска со играта. На теренот се водеше жестока борба, особено помеѓу Халанд и стоперот на Арсенал, Габриел. Во еден од дуелите, Бразилецот успеа да ја искине маицата под дресот на Норвежанецот, што го принуди напаѓачот на Сити на кратко да го напушти теренот и да ја смени опремата. Во тој момент можеше да се види дека носи мала направа на надлактицата.

Станува збор за таканаречен континуиран монитор за гликоза (CGM), технологија што овозможува следење на нивото на шеќерот во телото во секое време. Уредот чита податоци од меѓуклеточната течност и безжично ги испраќа до поврзан уред, што им дава на Халанд и нанеговиот тим прецизен увид во енергетската состојба на телото за време на напор.

Халанд е познат по тоа што посветува големо внимание на деталите кога станува збор за физичка подготовка. Овој пристап му овозможува подобро да ја управува потрошувачката на енергија, тренирајќи го телото да користи повеќе масти како извор на енергија, а воедно да ги зачувува резервите на гликоген за клучни моменти како што се последните спринтови.

Важен фактор во сето ова е стабилноста на инсулинот. Големите флуктуации можат негативно да влијаат на ткивата, особено на тетивите, што го зголемува ризикот од повреда. Овој вид следење помага во одржувањето на рамнотежата и намалувањето на оптоварувањето на телото.

Иако претходно имаше проблеми со повредите, се чини дека Халанд го пронајде вистинскиот начин да ги одржи формата и континуитетот во последно време. Сезонава одигра 46 натпревари, постигна 34 гола, а има и седум асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести