Германскиот стратег Томас Тухел ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Англија, потврдија од фудбалската федерација на оваа земја. Тухел нема веднаш да биде назначен за предводник на некогашниот светски првак, туку тоа ќе биде од 1 јануари 2025 година.
Тухел доаѓа на местото на Герет Саутгејт кој беше предводник на Англија од 2016 до 2024 година. Саутгејт си замина по неуспехот во финалето на Европското првенство кога Англија загуби од Шпанија. По заминувањет на Саутгејт, како привремен селектор е назначен Ли Карсли, кој ќе ги одработи и последните две кола од Лигата на нации.
Тухел ќе биде третиот странец селектор на Англија, по Швеѓанецот Свен Горан Ериксон (2001-2006) и Италијанецот Фабио Капело (2007-2012).
„Многу сум горд што ја добив честа да бидам селектор на Англија“, рече Тухел.
Thomas Tuchel. Our #ThreeLions head coach from 2025. 🏴
— England (@England) October 16, 2024