Англичаните се луди по фудбал, на дуелот на У-23 тимовите на Лидс и Сити, ќе има полн стадион

Фудбалскиот клуб Лидс објави дека за вечерашниот натпревар помеѓу Лидс и Манчестер сити за играчи до 23 години, продадени се повеќе од 18.000 билети, и тоа ќе биде рекордна посета за еден меч во таканаречената втора Премиерлига.

Со ова, фановите на Лидс покажаа дека се фанатици за фудбал и уживаат да бидат на трибините, дури и кога играат младинци, а не само првиот тим.

Досегашната рекордна посета за меч од У-23 лигата беше во 2017, кога дуелот на вторите тимови на Ливерпул и Евертон го следеа 17.525 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести