Англичаните се немилосрдни и веќе му предвидуваат брз отказ на Греам Потер, а обложувалниците нудат топ-коефициент од 51, ако тазе поставениот стратег биде прв следен менаџер што ќе биде сменет во Премиер лигата.
Потер вчера дебитираше на клупата на Челзи на меч од Лигата на шампионите против Салцбург и почетокот му беше неуспешен со реми 1:1 на свој терен против австрискиот првак.
https://twitter.com/ODDSbible/status/1570168724979843073?s=20&t=Gch5QtNfNmobEM7Y7Cwhcg
Потер имаше одлични резултати со Брајтон, екипа која ја остави на четвртото место во Премиер лигата, за да замине во Челзи како наследник на Томас Тухел.
Во Премиер лигата 46-годишниот тренер ќе дебитира на кормилото на Челзи на 1 октомври во меч против Кристал палас, клуб кој е исто така од Лондон и ќе му биде домаќин на фаворитот.