Англичаните тврдат дека Тухел 10 минути го молел раководството на Челзи да не добие отказ

Томас Тухел од утринава беше разрешен од тренерската позиција во Челзи. Поразот од Динамо Загреб со 1:0 беше капката која што ја прелеа чашата во раководството на тимот, меѓу кој и сопственикот Тед Боели.

„Веднаш по прес конференцијата, Тухел доби наредба од раководството да се приклучи на видео состанок заедно со раководството. Тој 10 минути од својот телефон ги молеше да му дадат уште една шанса.

Но, управата на тимот е незадоволна по бледиот настап на Челзи во Загреб и ваквата одлука беше непроменлива“ се вели во текстот на британски „Сан“.

Ова лето, тимот од Лондон потроши неверојатни 280 милиони евра на засилувања, но од почетокот на сезоната, Челзи игра далеку под очекувањата.

- Оглас -

Најнови вести