34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Англичаните забранија деца до 12 години да ја шутираат топката со глава!

Фудбалската асоцијација на Англија ќе го тестира правилото дека на играчи до 12 години на натпреварите им се забранува шутирање на топката со глава.

Според информациите од британските медиуми, ако тестирањето ги даде посакуваните резултати, од сезоната 2023/2024 во Англија целосно ќе се забрани намерна игра со глава на деца на оваа возраст.

Причина за ваквата одлука е едно истражување за влијанието на фудбалската кариера врз здравјето на личноста. Фудбалерите починуваат од деменција 3,5 пати почесто отколку останатите. Честото шутирање на топка со глава особено на школска возраст придонело за оваа лоша статистика.

- Оглас -

Најнови вести