Англија неочекувано загуби на „Вембли“ од Грција со 1:2, неуспех кој предизвика многу реакции кај фановите на Гордиот Албион. Ова беше прв пат во историјата Грција да слави над некогашниот светски првак.
По заминувањето на Герет Саутгејт, селекторското место во Англија му припадна на привремениот заменик Ли Карсли. Токму Карсли изјави дека пред мечот со Грција тренирал некоја чудна тактика и тоа само 20 минути, а потоа сакал истото да го примени на теренот, но тоа беше многу неуспешно, па Англија загуби.
Токму затоа, јавноста во Англија бара што е можно побрзо да се донесе вистинско решение на селекторското место, а најавите се дека во завршна фаза се преговорите за доведување на Томас Тухел.
Германскиот стратег веќе во наредните неколку дена може да биде промовиран во нов селектор на Англија, а дебито би го имал на 14 ноември и тоа токму против Грција, но овојпат во Атина.
Тухел има искуство како предводник на Баерн Минхен, Челзи, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц. Никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.