Пазете на „мина“: Англија вечерва нема да сака да победи против Чешка!

Англија со една победа и едно реми си обезбеди место во нокаут-фазата од Европското првенство, а вечерва против Чешка игра во меч за првото место. Чесите се први во групата со 4 бода, колку што има и Англија, но подобра гол-разлика.

Според многу најави од Островот, можно е Англија вечерва да калкулира и да не сака да оди на триумф против Чешка, туку со еден освоен бод да го задржи второто место во групата. Зошто Англија не сака да е прва и зошто повеќе мисли дека ќе им одговара да заврши како втора во својата група?

Костурот на нокаут-фазата вели дека победникот од Д групата, во која е Англија, во осминафиналето за ривал ќе го добие второпласираниот од Ф групата. Токму таа Ф група го има прекарот Група на смртта затоа што таму се гиганти како Франција, Германија и актуелниот европски владетел Португалија. Во Ф групата уште ништо не се знае, но кој и да заврши на второто место, ќе биде пеколен ривал за првиот во групата во која е Англија.

Затоа Англичаните сметаат дека е подобро да бидат втори во својата група и да го добијат второпласираниот од Е групата, каде што во игра се Шведска, Словачка, Шпанија или Полска.

Според коефициентите во Sport Life, Англија е фаворит за победа против Чешка, но останува да видиме дали Гордиот Албион ќе игра без калкулации или ќе се задоволи само со бод и да избегне ривал од „групата на смртта“.

 

- Оглас -

Најнови вести