9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Ливерпул ќе остане без првата ѕвезда, Арапите подготвуваат неодолива понуда

Раководството на Ал-Итихад е во потрага по нова ѕвезда за екипата откако Карим Бензема по конфликтот си замина и го засили Ал-Хилал. Првиот пик е Мохамед Салах, а Арапите веќе ја подготвуваат понудата за Ливерпул.

Репрезентативецот на Египет налето влегува во последната сезона од договорот со Црвените, па извесно е дека ќе си замине од „Енфилд роуд“. Ливерпул ќе сака нешто и да заработи, а најавите од Саудиска Арабија се дека тоа ќе биде неодолива понуда.

Салах оваа календарска година има само еден гол за Ливерпул, во победата од 6-0 над Карабаг во Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата последниот погодок го постигна на први ноември против Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести