Англија од 1961 година нема победа на италијанско тло, а вечерва е фаворит!

Дербито во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година е меѓу репрезентациите кои играа во финалето на последниот континентален собир. Италија ја победи Англија во финалето на Вембли во 2021 година, и тоа по подобро изведување на пенали и сега е актуелен европски првак.

Аѕурите вечерва на свој терен во Неапол, на стадионот „Диего Армандо Марадона“ ќе играат против Англија, а интересно е дека квотите во Sport Life даваат мала фаворитска улога на гостите, што делува малку чудно.

Традицијата вели дека Англија последен пат се радувала на италијанско тло против Аѕурите во мај 1961 година, односно речиси пред 62 години. Сепак, треба да се додаде дека Англија последен пат во Италија играла во далечната 1990 година, на Светското првенство.

На последните 14 меѓусебни дуели на овие фудбалски гиганти, дури шестпати било нерешено, седумпати победила Италија, а само еднаш се радувала Англија. Во сите тие 14 дуели никогаш немало повеќе од три гола, а сега да биде 4+ квотата е дури 4.30.

„Знам дека од 1961 година немаме победа во Италија, но тоа е само дел од историјата. Резултатите од минатото не се важни. Ова е почеток на нешто ново и мислам дека против Италија на најдобар можен начин може да стартуваме во овие квалификации“, вели селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

- Оглас -

Најнови вести