20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Англија со два дадени гола ја совлада и Украина, Исланд билдаше гол-разлика, Словенија победи, но разочара

Англија – Украина 2-0, Лихтенштајн – Исланд 0-7 и Словенија – Сан Марино 2-0, се резултатите од попладневните мечеви од квалификациите за Европското првенство во фудбал кое ќе се игра следната година во Германија.

Англичаните како и против Италија пред некој ден, и Украина ја средија со два дадени гола во првото полувреме, па го презедоа првото место во групата во која е Македонија. Во јуни, Англија игра прво со Малта, а потоа и со Македонија.

Исланд со седум гола го торпедираше Лихтенштајн, а Словенија даде само два гола против најслабата селекција во Европа откако во првото полувреме беше 0-0.

- Оглас -

Најнови вести