Англија во следната сезона во ЛШ може да има дури седум екипи

Резултатите во европските купови сезонава, речиси сигурно ќе ѝ донесат петти претставник на Англија во Лигата на шампионите во 2025/2026, а теоретски можно е дури седум премиерлигаши да бидат дел од елитното европско клупско натпреварување.

Тоа ќе се случи ако оваа сезона Лигата на шампионите и Лига Европа ги освојат клубови кои нема да завршат во првите четири на табеката во Премиер лигата.

На пример, ако Манчестер сити стане европски првак, а Манчестер јунајтед или Тотенхем ја освојат ЛЕ, а овие клубови останат таму каде што се во моментов во Премиер лигата, тогаш следната сезона во ЛШ, Англија би ја претставувале дури 7 клуба: Ливерпул, Арсенал, Челзи и Нотингам форест како четири најдобри во Премиер лигата, потоа петтиот Њукасл на кој би му припаднало местото плус кое Англија би го добила според коефициентот на успешност, како и Сити ако биде освојувач на ЛШ, и Манчестер јунајтед или Тотенхем како победници во ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести