Англиска доминација со мечеви од втора, трета и четврта лига

1011 Фулам – Нотингам форест (20:45 ч.)

Фулам веќе го прослави враќањето во Премиер лигата, а со иста цел е и Нотингам, кој моментно е на четвртото место на табелата. Ова е и дуел на двете најефикасни екипи.

Фулам го чека јубилејниот 100-ти погодок, а Нотингам сигурно ќе се обиде на гостувањето во Лондон да освои бод кој ќе му биде многу вреден во трката за место во Премиер лигата.

Предлог тип: ГГ3+ (2.12)

 

1013 Свонси – Борнмут (20:45 ч.)

Свонси нема пораз во последните осум кола и се спаси да не испадне, додека Борнмут е во мисија да го задржи второто место кое носи директен пласман во Премиер лигата.

Традицијата на овие два тима е неумолива за Лебедите и вели дека Свонси нема дадено ниту еден гол на Борнмут во последните седум меѓусебни дуели одиграни во последните пет години.

Предлог тип:Х2&0-3 (1.74)

 

1025 Портсмут – Виган (20:45 ч.)

За гостите овој меч е многу поважен. Виган е лидер во Лига 1, но мора да продолжи да победува за да остане на позиција што ќе ги однесе еден ранг погоре. Портсмут е со многу помали мотиви, но секој дуел на домашен терен е посебен предизвик.

Виган сезонава на гости има 13 победи, шест нерешени и само два порази. Есеноска Виган победи минимално со 1:0, а и традицијата вели дека нема повеќе од три гола кога играат овие екипи.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.13)

 

1024 Сандерленд – Ротерам (20:45 ч.)

Дерби во третата лига на Англија. Двата тима се борат за влез во Чемпионшип. Ротерам е втор со 86 бодови, а Сандерленд има 80 бодови и е на четвртото место.

Сандерленд е во одлична серија и дури 11 кола е без пораз (седум победи и четири ремија), но не треба да се заборави дека Ротерам есеноска победи со 5:1. Ова треба да биде отворен меч со многу голови.

Предлог тип: 3-5 (2.25)

 

1040 Ексетер – Бароу (20:45 ч.)

Домаќинот е голем фаворит за победа во овој меч од Лига два, односно четвртата лига во Англија. Ексетер со победа ќе биде на пат кон Лига еден, додека во Бароу треба да се среќни што нема да испаднат.

Разликата во квалитет е очигледна и едноставно тука може да се очекува триумф на домаќините.

Предлог тип: 1 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести