Англиска доминација за историја

Со вечерашните полуфинални средби во Лигата на Европа, ги добивме финалистите и во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Во Лигата на шампионите веќе е јасно, Ливерпул и Тотенхем на 1 јуни во Мадрид ќе се надигруваат за крунисување на досегашниот успех, додека Челзи и Арсенал на 29-ти мај во Баку ќе се борат за „помалку важниот“ европски трофеј.

Оваа сезона ќе имаме посебни финалиња во двете натпреварувања бидејќи  за првпат во историјата на европските натпреварувања сите екипи-учесници се од една земја. Англиската доминација ја потврдија трите тимови од Лондон и еден од Ливерпул.

Ливерпул по ланското разочарување од Реал Мадрид, деветти пат добива шанса да биде европски првак, а претходно на Црвените им успеа по шест наврати. Последен пат ЛШ освоија во сезоната 2004/05, сите се сеќаваат на историската ноќ во Истанбул против Милан. Што се однесува за Тотенхем, тие за првпат во својата клупска историја ќе се борат за шампионскиот пехар.

Ниту за Челзи, а ниту за Арсенал пласман во финалето од Лигата на Европа не е непозната територија. Разликата е што кога Топчиите се појавија на едно финале за прв и последен пат, загубија од Галатарај во 2000 година, додека Сините во 2013 се радуваа на пехарот во финалето против Бенфика.

 

- Оглас -

Најнови вести