Арсенал во голем стил до финале на Лигата на Европа, во Лондон ќе се играат продолженија

Арсенал со победата од 4-2 во реваншот против Валенсија го потврди пласманот во финалето од Лигата на Европа. Топчиите со вкупен резултат од 7-3 обезбедија борба за пехар, вторпат во нивната клупска историја во второто по квалитет европско натпреварување.

Голеадата на „Месталја“ започна само по 11 минути игра, а отвори Гамеиро за предност на домаќините, но Арсенал брзо возврати со голот на Обамејанг. Пет минути по стартот на вториот дел, Лаказет го сврте резултатот во корист на гостите од Лондон на 2-1, но следуваше брз одговор на Лилјаците, а Гамеиро повторно беше прецизен.

Сè беше решено откако Обамејанг во 69-тата минута вторпат се израдува, но Габонецот стигна и до хет-трик на неколку минути пред крајот од средбата.

Арсенал за првпат по сезоната 1999/2000 ќе се бори за пехарот во Лигата на Европа откако во првиот обид остана со празни раце по поразот во финалето од Галатасарај.

https://www.dailymotion.com/video/x77vtpo

 

Во Лондон нема победник по 90 минути, односно по 180 минути ако се сметаат и оние од првиот меч во Франкфурт. Челзи и Ајнтрахт како и пред седум дена ремизираа со конечни 1-1, што значи дека на „Стемфорд бриџ“ ќе се играат дополнителни 30 минути за да се одреди вториот финалист кој ќе патува во Баку, а секако доколку нема промени во резултатот, можно е да се изведува и пенал-серија.

- Оглас -

Најнови вести