Англиска рапсодија во Рим, тимот на Саутгејт постави неколку рекорди

Англија ја растури Украина со 4-0, четвртиот гол падна во 63-та минута, па Украинците може да бидат и среќни што не претрпеа уште поголем дебакл., со оглед на тоа во какво светло се претставија на ова четвртфинале на ЕП, кое се играпе на „Олимпико“ во Рим. Англија во полуфиналето на Евро 2020 ќе игра на 7 јули против Данска.

За Англија, ова е најубедлива победа на меч од ЕП.

Капитенот Хари Кејн даде два гола, бекот Лук Шо имаше две асистенции, Хари Мегваер најави дека Англија ќе стане прв тим во историјата на европските првенства кој дал три гола со глава на еден ист меч, прв гол во дресот на националниот тим даде Џордан Хендерсон. За Хендерсон ова беше 62-ри меч за Англија и прв гол, никој друг во историјата на англискиот фудбал не чекал толку долго за деби погодок.

- Оглас -

Најнови вести