Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 20 години загуби со 2:0 од врсниците од САД на контролен меч кој се одигра попладнево на неутрален терен во Бугарија. Оваа селекција која е последен чекор пред настап во У21 тимот е новоформирана со цел да нема прекин од селекциите У19 во У21.
Избраниците на селекторот Александар Таневски киксираа во последните моменти од двете полувремиња. САД поведе со 1:0 благодарение на погодок во 45 минута, додека конечните 2:0 Американците ги поставија со погодок во 90 минута. Оваа генерација на македонски фудбалери во следниот квалификациски циклус треба да го понесе товарот за настап во У21 квалификациите за ЕП.

