Тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во својата земја, сите го памтат по многуте голови кои ги има постигнато, но има еден податок што е помалку познат. Гери Линекер е фудбалерот кој за 16 години играчка кариера нема добиено ниту еден жолт или црвен картон, па затоа го има и епитетот за најголем џентлмен во историјата на фудбалот.
Линекер е играч кој едноставно знаеше да ги намачи противничките фудбалери, многу дефанзивци над него правеа фаули поради кои заработуваа јавни опомени. Од друга страна, Линекер никогаш во кариерата никој не успеа да го „натера“ да добие жолт или црвен картон.
Точно е дека напаѓачите имаат помалку шанси за добивање картони, ако се знае дека нивна задача не е да се сопре противникот, но во модерниот фудбал има многу офанзивни играчи кои едноставно се склони на добивање црвени и жолти картони, а еден о днајпознатите примери е Диего Коста кој сега игра во Атлетико Мадрид.

Вкупно во 647 меча даде 329 голови, а не доби ниту еден жолт или црвен картон. Линекер не е единствен кој немал јавна опомена на теренот. Во негово друштво се и играчи како што се Филип Лам, Раул Гонзалес, Микаел Лаудруп, Марко ван Бастен… Сепак еден е Џентлменот во копачки – Гери Линекер.