Македонија ја очекува ден исполнет со многу фудбалски репрезентативни предизвици. Најдобрата селекција од 20:45 часот ќе гостува во Копенхаген на Данска во бараж-мечот за пласман на Светското првенство. Неколку часа порано, односно од 18:15 часот младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година ќе гостува во Италија, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Според коефициентите на двата меча, Македонија е апсолутен аутсајдер. За победа на сениорите во Копенхаген, квотата е дури 13. Сепак, не треба да се заборави дека слична ситуација беше и пред четири години, кога Македонија со 1:0 славеше над Италија во Палермо во баражот за СП 2022. Затоа едноставно мора оптимистички да бидеме расположени и пред средбата во Копенхаген, па патриотите веќе играат на „двојка“.
Што се однесува до У21 селекцијата на Македонија, за победа во Италија квотата е 26, но тука доволно е да се одигра дека нашите надежи ќе постигнат барем еден гол на ова гостување, што носи квота од 2.35.
Кога овие две комбинации за сениорската репрезентација и У21 тимот се спојат на еден тикет, се добива вкупна квота од 30.55, односно на 200 вложени денари, бруто-добивката е 6.110 денари. Едноставно мора да се има доверба во фудбалските селекции на Македонија и затоа напред наши за полно срце и полн џеб.


