4.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Англиската перфекција крунисана со победа во Тирана, Србија прв пат победи со новиот селектор на чело

Англија на перфектен начин ги заокружи квалификациите за пласман на Светско првенство 2026, откако со 2:0 славеше во Тирана против Албанија, во рамките од осмото, последно коло. За Англија ова беше осма победа и со максимални 24 бодови заврши како прва. Дури и гол-разликата е перфектна затоа што Гордиот албион постигна 22 голови, а не прими ниту еден погодок.

Кој друг, ако не Хари Кејн е човекот на одлука на Англија. По првото полувреме во Тирана немаше погодоци, но затоа Кејн во 74 минута погоди за 1:0 за гостите. Голгетерот на гостите повторно блесна во 82 минута кога зголеми на 2:0 и ги реши сите дилеми околу победникот на овој меч.

Србија се израдува на првиот триумф под водство на новиот тренер Вељко Пауновиќ, откако со 2:1 славеше над Летонија. Изненадувачки, гостите водеа на полувреме со 0.1, Пресвртот на Србија стигна во првите 15 минути од второто полувреме кога прво Катаи израмни на 1:1, а потоа Станковиќ погоди за целосен пресврт и водство на домаќините од 2:1.

Во останатите мечеви кои се играа од 18 часот: Азербејџан – Франција 1:3 и Украина – Исланд 2:0.

- Оглас -

Најнови вести