Во период кога се очекуваат возбудувања на репрезентативно ниво, нема фудбал на врвно ниво, но во Англија секогаш може да се најдат интересни натпревари. Токму затоа сите пет меча во денешната понуда од Квотите на денот се од Англија, а ако се одиграат понудените комбинации, вкупниот коефициент е 34,61.
Виган е голем фаворит на свој терен против Моркомб и треба да победи во дуел на којшто ќе има од два до пет погодоци за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.05.
Блекпул и Кру се очекува да одиграат меч со најмалку еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има најмалку три погодоци. Оваа комбинација носи коефициент од 1.85.
Гилингам и Питерборо треба да одиграат натпревар на кој во двете полувремиња ќе има погодоци, но не повеќе од три за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 1.95.
Голови треба да има и на пресметката меѓу Донкастер и Хадерсфилд, и тоа во мрежите на двата тима и во двете полувремиња. Оваа квота е со вредност од 1.95.
Бирмингам е фаворит во пресметката со Валсал и домаќините треба да дадат најмалку еден погодок во првото полувреме, а да бидат со 3+ гола во мрежата на гостите до крајот на дуелот. Примамлива е оваа комбинација која вреди 2.40.