Англиски гиганти во трка за „ловецот на таленти“

Пол Мичел е пензиониран англиски фудбалер кој настапувал во пониските лиги во Англија. Фудбалската кариера ја заврши на 27 години поради тешка повреда, но кариерата како скаут му „цвета“. Во 2010 година почна во МК Донс, потоа продолжи во Саутхемптон, но неговото остро око за наоѓање таленти се истакна во Тотенхем, а Мичел е одговорен за откритието на Деле Али, Киран Трипиер и Тоби Алдервејрелд.

Од март 2017 година е член на бундеслигашот Лајпциг, каде што многу придонесува со откривање на млади и талентирани фудбалери. Сега неговите услуги се барани во Јунајтед, Челзи и Арсенал, а сите клубови му нудат позиција на одговорен за скаутирање.

Лајпциг во меѓувреме му нуди нов, побогат договор, додека Мичел сега е во дилема дали да се врати на Островот или да остане во редовите на „црвените бикови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести