Англиски ривали во битка за трансфер-гуруто кој го креираше денешниот Ливерпул

Манчестер јунајтед и Челзи водат битка за Мајкл Едвардс, поранешниот спортски директор на Ливерпул. Двата англиски ривали немаат оперативци кои ќе одлучуваат за засилувања на екипите, а токму Едвардс е слободен за ангажман.

Едвардс цела деценија работеше на „Енфилд“ до минатото лето, и е „виновен“ за овој Ливерпул, кој во последниве неколку сезони е еден од најдоминантните клубови во светот.

Трансфер-гуруто е заслужен за успешните трансфери како Алисон Бекер, Вирџил ван Дајк, Мохамед Салах, а еднакво импресивен е начинот на кој успеа да изнуди дури 150 милиони евра од Барселона при продажбата на Филипе Кутињо.

За потсетување, Јунајтед се раздели со Ед Вудвард на почетокот од годинава, Челзи од вчера е без спортски директор по потврденото заминување на Марија Грановскаја. Сепак, последниот збор би го имал Едвардс во случај да бира каде ќе работи бидејќи и двата клуба се ривали на „неговиот“ Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести