Англискиот фудбал има нов рекордер за најбрз црвен картон во историјата (Видео)

Англискиот фудбал доби нов рекордер во категоријата „најбрз црвен картон“ во професионалните лиги, односно во четирите најквалитетни лиги. Џон Маркиз, капитенот на четвртолигашот Шревсбери, заработи директен црвен картон уште во 13-тата секунда од мечот против Петерборо. Тој при еден воздушен дуел, со лакт го удри по лицето противничкиот фудбалер, а главниот судија без размислување му го покажа патот во соблекувалната.

Сепак, Маркиз нема да биде осамен како рекордер, бидејќи голманот на Шефилд вендзи, Кевин Пресман, во 2000 година беше исклучен исто во 13-тата секунда, откако направи фаул надвор од шеснаесетникот.

- Оглас -

Најнови вести