Тројца прогнозери имаа 10 погодоци и беа на прагот на добивање ваучер од Sport Life во минатото коло, а од денеска почнува типувањето за новото, 15-то коло сезонава во бесплатата игра.
Тројцата со десетки викендов не предвидоа победа на Манчестер јунајтед над Манчестер сити, а Јунајед повторно е во понудата, со големото дерби и гостување кај сезонава феноменалниот Арсенал.
Во викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и недела, а предизвик за сите ќе биде да се погодат сите 13 фикса.
Со погодување Среќна 13-ка, се добива можност да си одберете еден од подароците (Старт ТВ самсунг 55’’ 4К, Xiaomi Електричен тротинет, Х Box Series X). За 12 погодени пара следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека за 11 погодоци, ваучерот изнесува 500 денари.
Најинтересен саботен меч е првиот од 13.30 часот, пресметката на Ливерпул и Челзи, два англиски големци кои се мачат и не се во идеална форма периодов. В недела, најголемо дерби е Арсенал – Јунајтед, а интересно ќе биде и во Торино, каде што на Јувентус му гостува Аталанта.
Интересни мечеви има и во Германија, Италија и Шпанија, па останува да го прифатите предизвикот и да прогнозирате, а на крајот да видите колку точни погодоци ќе имате.
Тука се и двата резервни пара Сампдорија – Удинезе и Атлетик Билбао – Реал Мадрид, кои се бројат во генералниот пласман, а може да влетаат и во основната 13-ка ако некој меч од тие биде одложен.