Англиските гиганти треба да ја оправдаат фаворитската улога, најтрофејниот во Лига на Европа знае како треба

6022 Севилја – Фенербахче (21 ч.)

Севилја е најтрофејниот клуб во историјата на Лигата на Европа, но факт е дека шпанската екипа сезонава не игра на посакуваното ниво. Севилја е во опасност дури и да испадне од Примера, но кога се работи за европските купови, ситуацијата е поинаква.

Фенербахче е во одлична серија од девет победи, едно реми и само еден пораз во последните 11 меча, во кои дури 10 пати одигра 3+.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.86)

 

6028 Манчестер јунајтед – Бетис (21 ч.)

Манчестер во претходното коло ја елиминираше Барселона, па Бетис реално треба да им биде полесен предизвик. Сепак, шокантниот пораз од Ливерпул со 7:1 може да ја сруши добрата атмосфера кај Црвените ѓаволи.

Бетис пред четири дена ремизираше против Реал Мадрид, а претходно нареди три победи, што е знак за квалитетот што го поседува.

Предлог тип: 1& 0-3 (2.35)

 

6715 Фиорентина – Сиваспор (21 ч.)

Италијанскиот тим е голем фаворит за победа во овој меч од Конференциската лига. Сиваспор е тим кој е во долниот дел на табелата во турското првенство и може дури да испадне, па една ваква екипа не треба да направи проблем на Виолетовите.

Се очекува Фиорентина на овој дуел да обезбеди добра залиха за реваншот во Турција.

Предлог тип: 1-1 (1.79)

 

6837 Базел – Слован Братислава (21 ч.)

Двете екипи се во добра форма и немаат пораз на последните пет меча кои ги одиграа. Интересно е дека овие екипи беа заедно во групната фаза од Конференциската лига и играа два пати пред пет месеци.

Базел тогаш дома загуби со 0:2, а на теренот на Слован резултатот беше 3:3. Факт е дека двете екипи играат напаѓачки и повторно треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

 

6026 Спортинг – Арсенал (18:45 ч.)

Ова е дербито во Лигата на Европа. Двете екипи се во добра форма, но фактот дека Арсенал е лидер во Премиер лигата, го прави фаворит за пласман во следната фаза. Овие две екипи играле пред пет години во Лигата на Европа, а Арсенал минимално со 1:0 победил во Лисабон, додека реваншот во Лондон бил без погодоци.

Арсенал сега има многу квалитетен состав со одлични офанзивци и може да се очекува Топчиите да се распукаат.

Предлог тип: T2 2+ (2.17)

- Оглас -

Најнови вести