19.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Сагата заврши, Мартин Зубименди потпиша за Арсенал!

Арсенал го комплетираше потпишувањето на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад во договор вреден речиси 60 милиони фунти.

Шпанскиот 26-годишен играч од средниот ред е второто засилување на Топчиите во летниот преоден рок, по доаѓањето на уште еден Баскиец, голманот Кепа Аризабалага, кој дојде од Челзи за 5 милиони фунти.

Зубименди во Арсенал ќе носи дрес со бројот 36.

Ова ќе биде повторното спојување на Мартин со Микел Мерино и Мартин Одегард со кои играѓе во Сосиедад.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести