Англиските медиуми откриваат: Хари Кејн утре ќе потпише за Баерн Минхен!

Медиумите на Островот објавуваат дека утре ќе биде одржан клучниот состанок помеѓу раководствата на Тотенхем и Баерн Минхен. На оваа средба се очекува да бидат договорени сите детали околу трансферот на Хари Кејн од Премиер лигата во Бундес лигата.

Доколку клубовите најдат заеднички јазик, тогаш Хари Кејн уште утре ќе потпише за Баерн Минхен.

Репрезентативецот на Англија целата кариера ја мина во Тотенхем и покрај одличните игри не успеа да освои ниту еден трофеј. Токму тоа е причината што Кејн сака нов предизвик во кариерата и клуб со кој ќе освојува трофеи.

- Оглас -

Најнови вести