Англиско школо на фудбалот – Боксинг деј е спектакуларен и празничните оценки се чиста петка

Луди и ултраефикасни четири натпревари за Боксинг деј одиграа премиерлигашките екипи во Англија дури со 22 гола и со фантастичен просек од 5,5 погодоци по натпревар.

Како што доликува за празникот што им е посветен и на навивачите во Англија, имаше многу возбудувања и голови, а особено ефикасно беше на „Етихад“, каде што шампионот Манчестер сити го победи Лестер со 6:3 во меч што е најефикасен на Боксинг деј во историјата на Премиер лигата, односно од 1992 година.

Со првиот гол на мечот против Кристал палас, Хари Кејн ја најави победата на Тотенхем од 3:0 и стана корекордер со Роби Фаулер како најефикасни фудбалери на Боксинг деј. Двајцата имаат по 9 гола, најмногу на големиот празник на островскиот фудбал.

Арсенал со 5:0 го торпедира Норвич и по 12 години, повторно успеа да победи на гостински терен со пет гола разлика. Последен пат Топчиите тоа го сторија во Ливерпул, против Евертон во август 2009 година.

Пет гола со многу возбудувања имаше и во Лондон на мечот меѓу Вест хем и Саутхемптон, а гостите победија со 3:2.

Во тек е мечот меѓу Астон вила и Челзи, а вечерва од 21 часот спектакуалрниот фудбалски Боскинг деј во Англија завршува со дуелот меѓу Брајтон и Брентфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести