Ангола е прв четвртфиналист на Африканскиот куп на нации (Видео)

Селекцијата на Ангола е прв четвртфиналист на Африканскиот куп на нации откако во осминафиналето со убедливи 3:0 ја совлада Намибија.

Во четвртфиналето Ангола ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Нигерија и Камерун.
Натпреварот започна лошо за Ангола бидејќи голманот Неблу во 17-та минута доби црвен картон поради играње со рака надвор од сопствениот шеснаесетник за да спречи гол на Намибија.

Сепак, и со играч помалку, Ангола во 38-та минута го отвори резултатот со голот на Дала. Само две минути подоцна, силите на теренот беа израмнети бидејќи Хауконго доби втор жолт картон, а само две минути подоцна, Дала зголеми на 2:0.

Ангола победата и пласманот во четвртфиналето ги завери во 66-та минута кога Мабулулу го постави конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести