Француската фудбалска легенда Тјери Анри, кој работи како тренер и ја водеше Белгија на гостувањето кај Холандија, изјави дека ВАР-технологијата ја убива радоста во фудбалот.
Екс фудбалерот на Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона не е против технологијата во спортот, но разочаран е од времето кое се губи во фудбалот во однос на другите спортови при прегледување на снимка.
„Ние во фудбалот секогаш заостануваме. Одлуките во американски фудбал, рагби, крикет и тенис се носсат веднаш. Одлуката ја носи некој што седи во камион или некаде на друго место. ВАР не е тој што одлучува, туку само ја повторува ситуацијата. Откако ќе дадете гол, не знаете дали треба да скокате од среќа. Тоа ја убива радоста во фудбалот. Зарем не треба да се прославуваат головите?“, изјави Анри.