Анри им се смееше на Карагер и Ричардс додека пробуваа да изговорат Црвена ѕвезда! (Видео)

Некогашните фудбалери, а сега телевизиски аналитичари, Тјери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс, пред мечот Манчестер сити – Црвена ѕвезда, во студиото на CBS се обидуваа во оригинал да го изговорат името на српскиот шампион.

Анри беше многу поуспешен од колегите (ни тој не беше 100 проценти успешен, но доволно добар), а обидите на Карагер и Ричардс да кажат Црвена ѕвезда беше вистинско шоу, дури и Французинот Анри им се смееше додека тие го кршеа јазикот и кажуваа нешто како „Савана сизда“ и „Савана савеста“.

На Анри партнерката со која има три деца му е од Босна и Херцеговина, па можеби тоа му помогна да каже Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести