Тјери Анри беше еден од најдобрите голгетери во негово време. Французинот беше страв и трепет за противничките голмани. Тој е „дете“ на Монако, а потоа направи трансфер во Јувентус. Во Италија се задржа само шест месеци, а потоа го облече дресот на Арсенал и се вивна во височините како еден од најдобрите.
Осум години играше за Топчиите, а потоа реши дека е доста и замина во Барселона. И во Барселона играше на врвно ниво, а успеа да ја освои Лигата на шампиони, што беше негова главна цел. Иако во Барселона помина само три години, а осум сезони го носеше дресот на Арсенал, Анри откри дека помило му е во периодот кога бил на „Камп Ноу“.
„Зошто ја одбрав Барселона пред Арсенал? Многу ми беше убаво кога играв во Арсенал и уште имам симпатии кон клубот, но секој играч сака да освојува трофеи и награди. Затоа направив трансфер во Барселона и ми успеа да стигнат до трофејот во Лигата на шампиони. Секако дека во Арсенал има поминато повеќе убави моменти, но Барселона некако ми е поблиску до срцето“, рече Анри.