Анри се враќа во клубот за кој даде 52 гола

Французинот Тјери Анри најверојатно ќе биде идниот тренер на Њујорк ред булс, тим кој игра во МЛС лигата, и клуб чиј член во минатото беше Анри. Некогашната ѕвезда на Арсенал, во дресот на Њујорк ја заврши играчката кариера во 2014 година, а на 135 настапи за „црвените бикови“, Анри даде 52 гола.

Пред три месеци, заврши кошмарниот неуспешен четиримесечен престој (имаше само пет победи и се скара со повеќето од фудбалерите кон кои имал лош однос) на Анри на клупата на Монако. Сега миленикот на публиката во Њујорк има понуда да се врати во САД да го води својот некогашен клуб. Според медиумите во САД, може да се очекува во теот на неделава Анри да ги преземе Ред Булси, кои сезонава имаат лоши резултати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести