Ансу Фати е фудбалски бисер кој успеа да го надмине и легендарниот Раул

Ансу Фати го очекува голема фудбалска иднина. Младата ѕвезда на Барселона со секој свој настап го импресионира фудбалскиот свет, а на вчерашниот меч против Валенсија постави и нов рекорд.

Фати стана првиот играч кој успеал да постигне 13 погодоци во Ла Лига пред да наполни 19 години, а такво нешто претходно му успеа само на легендарниот Раул, кој 12 пати се запишал во листата на стрелците.

Напаѓачот на Барса има можност да го подобри ова остварување со оглед на тоа дека неговиот роденден е на 31 октомври, а дотогаш овој тим ќе треба да одигра три натпревари, а еден од нив е токму и против Реал Мадрид, кој е закажан за 24 овој месец.

Фати вчеравечер во 15-тата минута ја затресе мрежата на Валенсија во победата од 3:1, со која Барселона ја прекина лошата серија на резултати.

- Оглас -

Најнови вести