Анси Фати и Адама Траоре кои имаат африканско потекло, уживаат како репрезентативци на Шпанија, нивните квалитети се добро познати од игрите на клупска сцена, а на тренингот на Црвната фурија пред вечерашниот меч со Швајцарија во Мадрид, покажаа дека се вистински мајстори за контрола на топката.
Двајцата се натпреваруваа кој ќе изведе поатрактивен потег и сето тоа беше снимено од камерите. Блазе си му на селекторот Луис Енрике што може да си дозволи ако сака и вакви играчи да му бидат резерви.
Погледнете што правеа Ансу и Адама:
https://twitter.com/i/status/1314218997148127233