Ансу Фати нема милост, му „скрши кичма“ на 15 години постар соиграч (Видео)

Ансу Фати е играчот кој сезонава е откритие во тимот на Барселона. Тинејџерот кој има само 17 години, доби шанса во првиот тим и го покажа својот талент. До прекинот на првенството, Фати одигра вкупно 24 меча и постигна пет гола, оправдувајќи ја довербата.

Барселона од пред неколку дена повторно е активна на тренинг, а Фати покажа дека принудната пауза не оставила голема трага кај него. На вчерашниот тренинг Фати успеа да го измести од ритам речиси двојно постариот Артуро Видал. Искусниот фудбалер „падна“ на финтата на Фати, која е хит на социјалните мрежи.

https://twitter.com/i/status/1263481820362006530

 

- Оглас -

Најнови вести