Хетафе направи голем чекор кон следната нокаут-фаза во Лигата на Европа со триумфот од 2-0 против Ајакс. Екипата од предградието на Мадрид успеа да ја прекине низата на Копјаниците од 14 натпревари без пораз на гости во европските натпреварувања применувајќи го својот начин на игра.
Холандскиот првак буквално се изгуби на теренот, особено слабо издание имаа офанзивците кои не запишаа ниту еден шут во рамките од голот. Шпанците го применија својот начин, со опструкција на играта тотално го загушија противникот. Честите прекини значеа дека се измерија само 42 минути и 36 секунди активен фудбал, што е најкратко измерено време во Лигата на Европа од 2009 година па наваму.
Најдобар пример дека вчера на „Алфонсо Перес“ се гледаше антифудбал е следната ситуација во која при дуел на двајца играчи да се освои топката, едниот легна на земја барајќи помош, а другиот го имитираше дека претерува со реакцијата.
42:36 – The ball was in play for just 42 minutes & 36 seconds during Getafe – Ajax, the second-shortest amount of time in a Europa League game (since 2009). Patience. pic.twitter.com/FjQSNT71h5
— OptaJohan (@OptaJohan) February 20, 2020