Манчестер јунајтед е големиот победник на големото дерби во Лигата на Европа против Барселона. Црвените ѓаволи вечерва дома победија со 2-1, и тоа со пресврт откако Барса водеше на полувреме.
Барселона, која во шпанската лига прими само 7 гола на 22 меча, го продолжи трендот на примање по два гола во просек на дуелите во европските натпреварувања.
Бразилецот Антони, кој влезе на местото на Вегхорст, се покажа како џокер на тренерот Ерик тен Хаг. Тој го даде победничкиот гол и им правеше проблеми на противниците цело второ полувреме.
Пласман во следната фаза обезбеди и Рома, која со 2-0 го победи Салцбург, а изненадувањето е Унион Берлин, кој беше подобар од Ајакс со 3-1.
Europa League: Manchester United 2 – 1 Barcelona | Anthony goal#MUNBAR
pic.twitter.com/C80nqgnNCa— 1OZZiil_11 (@Abu_Ahmad1413) February 23, 2023