Леброн Џејмс испиша историја на мечот против Далас во НБА-лигата откако на две минути и шест секунди до крајот на натпреварот успеа да дојде до трипл-дабл ефект. До тој момент имаше 28 поени и 12 асистенции и успеа да дојде до десеттиот скок и така да стане највозрасниот кошаркар кој дошол до троен ефект во НБА-лигата.
Новиот рекорд е 41 година и 44 дена, со што го надмина легендарниот Карл Мелоун, кој исто во дресот на ЛА лејкерс дојде до трипл-дабал на 40 години и 127 дена.
На крајот Езерџиите имаа двојна причина за радост бидејќи забележаа победа од 124-104 над Далас.
Резултати:
Оклахома – Минесота 93-110
Јута – Портланд 119-135
ЛА лејкерс – Далас 124-104

