Антони ќе биде засилување за Ерик тен Хаг во Баер Леверкузен?!

Бразилскиот интернационалец, Антони, во 2022 година беше купен од Манчестер јунајтед за 95 милиони евра од Ајакс и тоа на барање на тогашниот тренер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.

Сепак, фудбалерот не ги оправда очекувањата, беше во втор план, а последната полусезона ја мина како позајмен во Бетис, каде блесна. Екипата од Севиља нема пари за да го откупи неговиот договор, па Бразилецот ќе мора да се врати на „Олд Трафорд“, но се чини не за долго.

Новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, има голема желба да го види Антони во дресот на „фармацевтите“, па поранешниот германски шампион ќе испрати понуда за Бразилецот.

Фудбалерот моментално вреди 20 милиони евра, но се чини дека Манчестер јунајтед ќе бара нешто повисоко обесштетување, кое не би требало да претставува проблем за Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести