Бразилското крило Антони со своите феноменални игри шокираше многумина, во Бетис ја доби шансата која ја немаше во Манчестер јунајтед, а сега има прилика да влезе во историјата како прв играч кој во иста сезона ги освоил Лигата на Европа и Конференциската лига.
Антони со Иско и со останатите имаат шанса да го одведат Бетис во Лигата на шампионите и да освојат европски трофеј доколку во финалето на Конференциската лига го совладаат фаворитот Челзи.
Антони, кој во Бетис дојде во јануари и таму игра како позајмен од Манчестер јунајтед, клуб за кој Антони сезонава играше во Лигата на Европа, што значи дека ќе му следува златен медал, и од тоа натпреварување во кое Црвените ѓаволи ќе играат финале против Тотенхем.