Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони, кој ја помина втората половина од оваа сезона како позајмен играч во Бетис, се најде на нишанот на Атлетико Мадрид, објави британски „Мирор“.
Јорганџиите имаат намера да започнат конкретни разговори за евентуален трансфер. Се очекува Црвените ѓаволи да го продадат Антони за околу 40 милиони евра, повече од двојно помала сума од приближно 100-те милиони што му ги платија на Ајакс за Бразилецот во летото 2022 година.
Бетис сака да го задржи Антони кој беше еден од нивните главни играчи пролетва, но ќе има сериозни тешкотии да ја собере бараната сума, и Атлетико ќе се обиде да го искористи тоа.
Во дресот на Бетис, Антони имаше 9 гола и пет асистенции на 25 натпревари во сите натпреварувања. За споредба, со дресот на Јунајтед, Бразилецот има само 12 гола и пет асистенции на 96 официјални мечеви.