Многумина се прашуваат која му беше целта на Антони така да се врти со топката во нозе и потоа да ја шутне во аут откако Бразилецот на мечот со Шериф сакаше да се истакне со атракција.
По сите силни реакции вечерва, Антони би требало да сфати дека во Англија не се толерираат такви циркуски потези кои се потценување на противникот.
Трикот на Антони се случи при резултат 0-0, а менаџерот Ерик тен Хаг незадоволно гестикулираше со главата. Легенди како Пол Сколс, Овен Харгривс и Роби Севиџ го искритикуваа Антони.