Бетис веќе може да размислува за место во осминафиналето во Конференциската лига откако убедливо со 3:0 победи на гости кај Гент во првиот меч. Шпанскиот тим сега на реваншот пред своите навивачи само треба да го завери местото во осминафиналето.
По првото полувреме немаше голови, а на почетокот на вториот дел Антони донесе голема радост за гостите. Овој погодок на Антони како да им даде дополнителна самодоверба на гостите и Бетис на крајот стигна до триумф од 3:0.
Антони е Бразилецот кој само пред неколку дена дојде во Бетис од тимот на Манчестер јунајтед. Во англискиот гигант Антони делуваше изгубено и имаше постигнато само два гола во последните 22 меча, додека сега во Бетис двапати се запиша во листата на стрелци само во 160 минути поминати на теренот. Едноставно, Бразилецот ја најде вистинската средина.
Во Конференциската лига се одигра и еден неверојатен меч по кој на победа се радуваше шампионот на Исланд.
Во останатите мечеви од Конференциската лига кои се одигра вечерва: Омонија – Пафос 1:1, Копенхаген – Хајденхајм 1:2, Борац Бања Лука – Олимпија Љубљана 1:0, Целје – Апоел 2:2, Молде – Шемрок 0:1 и ТСЦ Бачка Топола – Јагелонија 1:3.