31.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Антони со деби голот за Манчестер против Арсенал почна да ги оправдува вложените милиони (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со голот на дебитантот Антони води против Арсенал на полувремето во големото англиско дерби.

Играчот кој што дојде за 100 милиони евра од Ајакс започна да ги оправдува вложените пари откако во 36-та минута ја погоди мрежата на „топчиите“.

Претходно, гостите постигнаа гол преку Мартинели во 12-та минута, но, беше поништен откако во текот на акцијата Одегард му направи фаул на Кристијан Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести