АПСОЛУТЕН ВЛАДЕТЕЛ: Меси го постигна 400. погодок во Примера дивисион

Лионел Меси испиша нова исторска страница во Примера дивисион. Аргентинскиот виртуоз стана првиот играч во историјата на шпанското првенство што успеал да стигне до 400 погодоци. Меси погоди во 53 минута за водство на каталонскиот гигант од 2:0 против Еибар, а тоа беше и неговиот јубилеен 400 погодок во Примера дивисион.

Лео целата своја кариера досега ја помина во дресот на Барселона и вкупно има постигнато 575 погодоци. Не само што е прв играч кј стигнал до 400 голови во шпанското првенство, туку Меси е единствен со таков подвиг во Топ 5 лигите во Европа. Ниту еден играч во историјата нема дадено 400 голови во Италија, Франција, Германија и Англија.

По 60 минути на дуелот против Еибар, Барселона на „Камп Ноу“ води со 3:0. Освен погодокот на Меси, два гола даде Луис Суарез.

- Оглас -

Најнови вести